Македонската фудбалска репрезентација ја совлада Белорусија со 3-0, во пријателскиот натпревар одигран попладнево на националната арена „Филип Втори“.
Стефан Спировски го отвори резултатот во 40-та минута, додека капитенот Горан Пандев беше двоен стрелец во вториот дел, во 61-та и во 69-та минута.
Дарко Чурлинов, пак, стана најмладиот дебитант во историјата на македонската репрезентација.
Талентираниот играч на германски Келн кој заигра во вториот дел е на возраст од 16 години и осум месеци.
Ова е втор триумф едноподруго за македонската фудбалска репрезентација кои во петокот славеа на гостувањето кај Лихтенштајн, исто така со 3-0, во рамките на квалификациите за Светското првенство в година.







