Русија, Кина и САД, според некои податоци, почнале да вложуваат сериозни средства во развој на „нано–оружје“ – роботи и дронови со големина на инсект, пишува „Атлантико“.
Во текстот во весникот се наведува дека таквото оружје е преполно со опасности, на пример, ќе може да се користи за превоз на патогени разни болести. И на крајот, може да падне во рацете на терористите.
Како што објасни во интервју за „Атлантико“ францускиот економист Мишел Вол, минијатурните дронови чие производство е веќе можно на сегашното ниво на развојот на технологијата, можат првенствено да се користат за изведување на разузнувачки операции.
Истовремено Вол нагласи дека програмерите на таквите „роботи–инсекти“ мора да решат низ технички проблеми, затоа што за достигнување на прифатливи показатели во поглед на траење и на должината на летот, како и за снимање, складирање и пренос на слики и снимки ќе биде потребен добар извор на енергија.
Поради малата големина на овие машини, на нив нема да може да се вгради оружје, така што за нивна употреба директно во борба ќе биде потребно да се направи потполно ново вооружување кое ќе работи на сеуште непознати принципи, истакнува Вол.
Се разбира, минијатурните машини можат да се користат како биолошко оружје, односно како средство за испорака на патогени различни болести, меѓутоа ваквата употреба ќе биде прилично ограничена со меѓународно право и може да се сврти против сопственикот на апаратот, предупреди тој.
Загриженоста која ја изразиле некои футуролози дека такво оружје може да стаса во рацете на терористите, делумно е оправдана, но сличен ризик постои воопшто за сите видови оружја.
Истовремено, потсетува Вол, ниедна терористичка група сеуште не успеала да дојде до примероци на преносно нуклеарно полнење, иако тие постојат педесетина години.
Според мислењето на аналитичарите, тоа е поради фактот дека меѓу стварањето оружје и неговата појава на црниот пазар секогаш поминува многу долг временски период и, со самото тоа, на терористите уште долго нема да им биде судено да ги користат „електронските стршлени“.
Францускиот политиколог Сирил Брет смета дека Русија и Кина вложуваат во развој на нано–технологијата во рамки на програмата за модернизација на своите вооружени сили кои се почнати на почетокот на оваа деценија.
Во Русија ваквата програма почнала во 2009 година после војната во Грузија во која биле манифестирани „застарени карактеристики на руската војска“, истакнува Брет и, благодарение на тоа што буџетот за одбрана е зголемен до четири отсто од БДП-то, Москва успеа да насочи големи инвестиции во технолошкиот сектор.
Брет смета дека Русија традиционално била извор на иновации во авијацијата и изработката на ракети, додека секоторот за нано–технологија бил некоја врста на „технолошка ледина“, каде што земјата не се покажала.
Токму затоа Москва и одлучила да се фокусира на оваа област „по примерот на она што веќе го постигнала на планот на информациски технологии“, истакнува тој.
Од своја страна, Кина сега завршува вистинска „револуција“ во одбраната: државата успеа да премине од „претерано голема, неопремена војска, главно фокусирана на одржување на внатрешниот ред“, на сериозна вооружена сила која е способна да ги заштити најважните економски интереси на Пекинг во странство, смета Брет.
Како и Русија, и Кина успеа да постигне голем успех во областа на сајбер–војувањето, стварајќи посебни „интернет трупи“ и сега Пекинг се надева дека ќе се фати во чекор со САД и нивниот сојузник Јапонија во нано–технологијата, објаснува овој експерт.
Во принцип, и Русија и Кина вложуваат во нано – технологијата како би се подготвиле за „следната фаза од конфронтацијата со Соединетите Американски Држави“, уверен е Брет.







