Американскиот претседател Доналд Трамп стигна денеска во Италија со авионски лет од Израел, а за утре е закажан негов состанок со папата Фрањо во ватикан и разговор со италијанските лидери.
Авионот на американскиот претседател слета на аеродромот „Леонардо да Винчи“ во Рим.
Трамп ќе мине помалку од 24 часа во Италија, пред да замине за Брисел каде што ќе разговара со лидерите на Европската унија и НАТО.
Тој ќе се врати во четврток во Италија за да присуствува на самитот на Групата седум индустриски најразвиени земји.
Трамп се наоѓа на неговата прва турнеја откако ја превзеде должноста претседател, а претходно ги посети Саудиска Арабија и Израел.







