Екипата на Телевизија 24 беше нападната во Штип вршејќи ја својата професионална должност.
Лице кое се претставило дека е обезбедување на Трговскиот центар и пришло на екипата која снимала инсерти близу објектот.
Прво вербално им се заканил со зборовите „ќе ја искршам камерата“, а потоа замавнал, обидувајќи се да ја скрши.
Случајот е пријавен во полиција.
Екипата на ТВ 24 објави сторија за сомнителна доградба на Трговскиот центар во Штип којашто постојано ја следат низа контроверзии.







