Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска оствари прва средба со делегацијата од регионалната канцеларија на германската кредитна банка за инвестиции (КfW), предводена од директорката Естер Гравенкотер, соопштија од ресорното Министерство.
На средбата, директорката Гравенкотер информирала за активностите на банката во Македонија со посебен акцент на Проектот Јужновардарска долина-втора фаза.
Министерот Николовски истакна дека во следниот период ќе направат напори за непречена реализација на проектот кој што е од исклучителна важност за земјоделците од овој регион и ќе можат да наводнуваат над 2.000 хектари земјоделско земјиште.






