Протекуваат зачудувачки детали за бродскиот судар во кој тешко е оштетена гордоста на американската воена морнарица. Истражителите се зачудени
Некој требаше будно да следи и да набљудува што се случува напред, на крмата и на двете страни на бродот, моќниот разурнувач УСС Фицџералд, а потоа да го известува командниот мост за промените. Но, тоа не се случило, и околу 1.30 часот утрината минатата сабота, недалеку од јапонското крајбрежје и јужно од Токио, разурнувачот се судри со 220 метри долгиот филипински трговски брод АЦХ Кристал, којшто се приближувал натоварен со повеќе од илјада контејнери.
Експертите за радарска контрола, и на мостот и во информацискиот центар под палубата, морале да го забележат големиот контејнерски брод на своите екрани како бавно се приближува. Според стандардниот протокол, екипажот требало да го разбуди капетанот на американскиот разурнувач, Брус Бенсон, за да осигура сигурен премин, многу порано, пред да дојде во опасност од судар, пишува „Њујорк тајмс“.

Меѓутоа, ништо од тоа не се случило и истражителите се потполно збунети од ситуацијата. Рутинското патување на Фицџералд по идеално време во познатите води заврши со една од посмртоносните поморски несреќи во последните години. Седум американски морнари во тој судар ги загубија животите.
И додека истражителите се обидуваат да сфатат како дошло до несреќата, уште многу мистерии ќе треба да се решат. Освен што треба да се пронајде одговор на прашањето што се случило со екипажот, забележаниот правец на движење на трговскиот брод АЦХ Кристал сугерира на можноста дека никој од воениот екипаж не бил буден или барем свесен за околината. Место да ги угаснат моторите, да ја проценат штетата и да се обидат да помогнат на другиот брод, АЦХ Кристал веднаш продолжил по својот курс, пловејќи кон пристаништето во Токио, но после половина час одеднаш се завртен за 180 степени и се вратил на местото на сударот, како екипажот дури тогаш одеднаш да сфатил што навистина се случило.
Овие нови информации се во спротивност со верзијата на настанот според која филипинскиот брод се зарил во американскиот после ненадејно свртување.

Истражителите целата измината недела ја проценуваа штетата, ги прегледуваа записите, како оние бродските, така и оние електронските и разговараа со членовите на екипажот.
Луѓето од УСС Фицџералд добиле строги наредби со никој да не разговараат за она што таа вечер се случило, но еден морнар кого го контактирале новинари од „Њујорк тајмс“ преку социјалните мрежи, кусо но не многу значајно рекол: „Се што можам да кажам е дека некој не внимавал“.
Но, дури и сите на бродот АЦХ Кристал да спиеле, со УСС Фицџералд е полесно да се маневрира заради што експертите се сложуваат дека тие треба да понесат поголем дел од одговорноста.
„Ова е една од оние работи околу кои американската морнарица е брутално искрена. Ако екипажот на Фицџералд нешто погрешил, ние тоа ќе го откриеме и ќе има последици“, вели Брајан Мекграт, заповедник на еден американски разурнувач на Атлантикот од 2004 го 2006 година.

Двата брода сега се наоѓаат јужно од Токио, над 9.000 тони тешкиот и милијарда и пол долари вредниот Фицџералс во морнаричката база Јокосука, а 29.000 тешкиот АЦХ Кристал во пристаништето Јокохама. На десната страна на воениот брод се наоѓа вдлабнување на местото на кое трговскиот Кристал се зари во Разурнувачот, при што го повреди капетанот Бенсон. Морнарите морале да ја кршат вратата од неговата кабина за да го ослободат и да му пружат помош.
И додека водата продирала, околу 116 членови на екипажот спиеле во веќе поплавените кабини, просторијата за радио врска била оштетена, а поголемиот дел од опремата за комуникација уништена.
Морнарите дури еден час се бореле со поплавата пред да испратат повик за помош. Телата на седуммината настрадани ги откриле нуркачите во поплавените простории кои дополнително морале да ги затворат за морето да не допре до другите делови на бродот и да не предизвика потонување.
Постојат многу индиции дека никој на Фицџералд не видел никакво предупредување ниту бил свесен на се поочигледниот судар што докажува фактот дека капетанот бил во својата кабина и не се огласил алармот за тревога кој требало да ги „извади“ морнарите од нивните соби.

Уште помалку се знае што се случувало на бродот АЦХ Кристал кој пловел под филипинско знаме превезувајќи товар од Нагоја за Токио. Бродот е многу помалку оштетен од воениот гигант.
Дарел Вилсон, гласноговорникот на корпорацијата „Даиничи-Инвест“ во чија сопственост е трговскиот брод, им изразил сочувство на семејствата на загинатите војници, но не сакал да ги коментира околностите под кои се случила несреќата.
Експертот за информатичка сигурност, Стефан Воткинс, вели дека по сите параметри АЦХ Кристал најверојатно бил автоматски управуван додека екипажот спиел.
„Судејќи според се, со бродот управувал ’компјутер’. Фактот дека бродот после половина час се свртел и го променил курсот на движење покажува дека капетанот или некој од екипажот ја превзел контролата од автопилотот. Откако се вратиле на местото на случувањето, била повикана помош“, напоменува Воткинс.

Истрагата ќе покаже што навистина се случило, а морнарите ветерани, кои се вклучиле во он-лајн расправата за оваа тема, велат дека целата ситуација е многу неверојатна и необјаснива и дека ниту спиењето на екипажот на Кристал не може да е ’олеснителна околност’ за тоа дека Фицџералд не можел да го избегне сударот.
„Ова изгледа стражно. Имате три извиднички места и радар. Тој брод е многу поинаков од многу такви бродови. Може да забрза и да маневрира. Ова не значи дека тие го предизвикале сударот, но нивна е грешката затоа што не успеале да го одбегнат“, напишал во коментарите под видеото на Јутјуб, Гари Е. Мејер, сопственик на технолошка компанија и поранешен член на американската морнарица.
Семејствата на седумината загинати морнари уште ги чекаат нивните тела кои се наоѓаат на обдукција. Истражителите ништо не сакаат да препуштат на случајот па планирање на закоп сеуште не е можно.
https://www.youtube.com/watch?v=M5ls2SS4ezw&feature=youtu.be






