Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, утре ќе се сретне со Еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската унија, Јоханес Хан, соопшти владината прес-служба.
Предвидена е средба на делегацијата на Владата на Република Македонија, предводена од премиерот Зоран Заев во чијшто состав ќе бидат и вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, со делегацијата на Европската унија предводена од еврокомесарот Хан.
По средбите ќе се одржи тематска седница на Владата на Република Македонија посветена на итните реформски приоритети за евро-атланските интеграции на којашто ќе присуствува и еврокомесарот Хан.
По завршувањето на темататската седница на Владата ќе се одржи прес-конференција на премиерот Заев и еврокомесарот Хан.






