Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе остана без подиум на првата трка во Вила Реал, Португалија поради крајно неспортскиот потег на домаќинот Жозе Родригез.
Првопласираниот беше чешкиот возач Петр Фулин, а зад него заврши сонародникот Норберт Наѓ. Третото место му припадна на Португалецот Жозе Родригез, кој во последниот круг ја скрати кривината и потоа удри во возилото на Стефановски.
Иџе заврши на четвртото место, со заостанување од три ипол секунди во однос на Родригез.
Организаторот најави истрага на инцидентот кој го предизвика португалскиот возач.







