Лидерот на грчката најголема опозициска партија Нова Демократија Кирјакос Мицотакис изјави дека Грција нема да дозволи Македонија да влезе во НАТО без претхдно да се реши прашањето за името.
Интернет порталот „Политико“, за кого Мицотакис дал интервју, коментира дека новата Влада во Скопје прави напори за приближување кон Атина со надеж дека Грција ќе ја повлече десетгодишната блокада за влез на Скопје во НАТО“.
„ Тоа нема да се случи, истакна Мицотакис.
Сепак, присутен е оптимизмот дека „премиерот Зоран Заев ќе биде конструктивен“.







