Лилјана Кузмановска на прес-конференција изјави дека СДСМ не смее да се однесува неодговорно и оти ваквите политики ќе значат пропаст за домашните компании, намалување на интересот за инвестирање, опасност од инфлација и зголемување на невработеноста.
ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно укажа дека зголемувањето на даноците од 10 на 18 проценти ќе доведе до крах на економскиот и финансискиот систем.
„Очигледно е дека СДС не ја научи лекцијата на зголемување на даноци, имајќи ги во предвид неколкуте неуспешни обиди од пред 2006-та година за зголемување на данокот од 15%, 18% и 24% кои ја втурнаа државата во пропаст.
Со ваквите непромислени политики на зголемување на СДС повторно ќе се активира сивата економија, даночната евазија и ќе стане секојдневие и навика. Ваквите непромислени политики ќе значат пропаст за домашните компании и ќе ги бркаат странските инвестиции. Ќе се намали интересот за инвестирање во државата и ќе паднеме на дното на листата на Дуинг Бизнис.
Невработеноста повторно ќе завладее во државата, постои сериозна опасност од инфлација, а граѓаните се повеќе и повеќе ќе осиромашуваат.
Дополнително во текот на вчерашниот ден Министерството за финансии на чело со Тевдовски ги задолжи граѓаните за дополнителни 15 милиони евра.
„Но, на побараната сума од страна на Тевдовски и СДС од 1,140,500,000 денари, реализирани биле само 900,000,000 денари или 15 милиони евра по каматна стапка од 3.8%. Ова е всушност показател дека немаат доволно доверба во економската политика на новата Влада, се однесува на банките.
Граѓаните од СДС не очекуваат зголемувања на даноци, задолжувања на државата и осиромашување на граѓаните, туку очекуваат што поскора реализација на проектите кои ги ветија пред изборите.







