Во соопштение за јавноста од СДСМ, велат дека преку своите партиски контролирани кадри, ВМРО-ДПМНЕ направи очајнички обиди да ја блокира исплата на субвенциите за тутунот, а денеска, без никаков срам предлага мерки кои се веќе реализирани.
Заврши времето на ВМРО-ДПМНЕ кога субвенциите се делеа селективно и со доцнење.
ВМРО-ДПМНЕ со години ги користеше субвенциите за да врши притисок, уцени и манипулации врз земјоделците.
Додека земјоделците ги чекаа субвенциите што редовно им доцнеа, ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на граѓаните на луксуз, скапи мерцедеси, лажен барок и преплатени споменици.
Колку ВМРО-ДПМНЕ се грижи за потребите на земјоделците, докажува и фактот што кадрите поставени од ВМРО-ДПМНЕ во институциите, до последен ден ја кочеа исплатата на субвенциите.
И покрај бројните опструкции, Владата предводена од СДСМ ги отстрани сите пречки и навремено ги исплати субвенциите за 21 000 тутунопроизводители, а во тек е процедура за надминување на пречките за исплата на субвенции за уште стотина тутунопроизводители кои наскоро ќе ги земат субвенциите што им следуваат.







