„ВМРО-ДПМНЕ 11 години неконтролирано ги задолжуваше граѓаните, а парите од скапите кредити ги трошеше на луксуз, криминални тендери, споменици и лажен барок и на тој начин направи јавен долг од над 50% од БДП, велат од СДСМ во соопштение за јавноста.
Наместо таквиот расипнички однос кон парите на граѓаните, Владата предводена од СДСМ одговорно управува со државните пари.
Со празните обвинувања за наводно трошење на девизните резерви, ВМРО-ДПМНЕ покажува основно непознавање на управувањето со финансиите бидејќи се работи за плаќање преку единствената државна сметка на кредитите и доспеаните рати за стари долгови.
Преку одговорното управување на долговите, јавниот долг на државата денес е намален за прв пат по 2008 година.
Преку транспарентна и отчетна работа и преку значителна поддршка за домашното стопанство, Владата предводена од СДСМ, активно работи на обезбедување квалитетен животен стандард за граѓаните и опоравување на уништената економија.
Парите на граѓаните повеќе не се трошат за палми, врби, споменици и панорамски тркала, туку за повиска минимална плата, за решавање на проблемот со стечајчците, за мерки за вработувањa и поголема помош за домашните претпријатија.







