За интерпелациите на дел од министрите ќе се расправа во собрание на 11 септември. На дневен ред на седницата се закажани интерпелациите на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, министерката за труд и социјала Мила Царовска и за министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Интерпелации за нивната работа поднесе опозициската ВМРО-ДПМНЕ. За министерот Николовски поднесоа поради како што велат неодговорното однесување за време на пожарите , за министерката Царовска, бидејќи не ги консултирала граѓаните при носењето Стратегија за бегалците, а за министерот Димитров, во образложението за интерпелација, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека поради склучувањето штетен договор со Бугарија, треба да се преиспита неговата работа.
Од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа интерпелации и за министрите: Арбен Таравари, Садула Дураку, Роберт Алаѓозовски и Драган Тевдовски.







