Повеќе стотици бегалци се депортирани од Канада во земјите кои се означени како премногу опасни за цивили, а повеќе од половината депортирани се вратени во Ирак, покажуваат владините податоци во кои Ројтерс имал увид.
Во периодот меѓу јануари 2014 и 6 септември годинава, Канада испратила 249 лица во 11 земји, 134 биле транспортирани во Ирак, 62 во Демократска Република Конго и 43 во Авганистан, покажуваат податоците.
Посрастот на бројот на депортации се случува во време кога Канада се соочува со рекорден број на мигранти и е на пат да има најголем забележан број на бегалци на својата територија за повеќе од една деценија.
Канада може да го депортира кого било кој не е државјанин на таа земја од причини кои вклучуваат криминални активности, исцрпувачки обиди за добивање стално престојувалиште и непочитување на законот во врска со имиграцијата.
„Високиот комесаријат на Организацијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) им препорачува на земјите да се воздржат од депортирање на луѓе во Ирак поради состојбата во врска со човековите права и судирите во таа земја“, рече претставникот на таа организација во Канада, Жан Никола Без, кој додаде дека некои региони, како што е Курдистан, се побезбедни.







