ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партии не и плаќале данок на државата, а тоа е уште еден доказ за лицемерното, неодговорно и антидржавно однесување на таа партија, се наведува во денешното соопштение на Социјалдемократскиот сојуз.
„Долгот што ВМРО-ДПМНЕ го има кон државата, поради неплатен данок, докажува дека партијата на Никола Груевски, воопшто не ја интересираат ниту граѓаните ниту државата.
„Крајно лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа, да глуми загриженост за економијата и буџетот на Република Македонија, а истовремено да не ги исполнува своите законски обврски за плаќање на даноци.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ мислеше на државата и нејзините граѓани, а не на криминалните апетити на Груевски, тогаш, како и секое друго правно и физичко лице, навремено ќе ги исплаќаше своите обврски кон државата.







