Ураганот ја погоди месноста Саут Бич, елитен кварт во Мајами каде што пејачката има куќа. Оштетени се сите куќи во таа област, а штетата се мери во милијарди.
Луксузната куќа на познатата балканска музичка ѕвезда, вредна речиси еден милион евра, претрпела веќе еден удар, кој направил огромна материјална штета, а сопружниците Живоиновиќ стравуваат од нов бран.
Имено, ураганот Ирма предизвика незапамтено невреме кое досега не е видено во Америка, а според прогнозите било јасно дека ќе ја зафати и куќата на фолк дивата, која е на самиот брег на океанот.
Брена, пренесува белградскиот весник Новости, контактирала со пријатели во обид да евакуира некои работи пред налетот на ураганот, но не успеала.







