Во експлозија во воз во лондонското метро повредени се неколку патници кои се здобилесо изгореници на лицето, јавува лондонскиот весник „Метро“.
Новинарот од местото на настанот информира дека во возот експлодирала содржина во бела кофа, ставена во пластична ќеса покрај влезот во вагонот на метрото, како и дека луѓето имаат „многу тешки изгореници“ и им „паѓа косата“.
На социјалните мрежи се појави фотографија од возот на која се гледа ќесата од супермаркет со белата кофа од кога излегува оган, како и жици кои од неа излегуваат.
Ројтерс наведува дека полицијата соопштила дека е запозната со инцидентот на станицата „Парсонс грин“ во западниот дел на Лондон и дека полицајците се упатени таму.
Итната медицинска помош, исто така, соопшти дека испратила возила кон местото на инцидентот.
На Твитер е поставена фотографија од жена на која медицински лица и помагаат да седне на плочникот и и укажуваат лекарска помош.
Од полицијата дополнително соопштија дека се свесни за информациите кои се појавија на социјалните мрежи, но дека ќе ги изнесат фактите поврзани со настанот дури откако ќе бидат сигурни во нивната прецизност.
Во прекин е патниот сообраќај во Лондон околу местото каде што се случил инцидентот и во подземната железница меѓу станиците „Ерлс корт“ и „Вимблдон“.








