Во Македонија времето денес ќе биде променливo облачно и свежо со умерен до засилен северозападен ветер, повеќе изразен во источните делови.
Утринската температура ќе се движи од седум до два, а дневната 10 до 23 степени.
Во Скопје ќе биде променливo облачно и свежо со умерен до засилен северозападен ветер.
Утринската ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 20 степени.
За време на викендот ќе има преодно стабилизирање со свежи утра и нешто потопло преку ден.
Нов влажен бран се очекува во понеделник.







