Вчера вечерта ДУИ отвори штаб во Куманово и официјално ја започна кампањата за локални избори.
Претседателот на општинскиот изборен штаб, Илир Саити во изјавата за медиумите, рече дека членството, симпатизерите на партијата, раководството очекуваат да го повторат резултатот од претходните локални избори и дека и оваа кампања како и претходните ќе ја водат како и досега во фер, демократска атмосфера, а поддршката ќе ја бараат преку промоција на проекти.
Тој посочи дека на овие избори настапуваат само со советничка листа, а дека ќе го поддржи кандидатот за градоначалник од СДСМ, Максим Димитриевски, како што СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на ДУИ во Чаир, Гостивар,Тетово и други општини.
Носителот на листата, на ДУИ во Куманово, Фатмир Идризи рече дека ќе работат на подобрување на животот на граѓаните со поддршка на проекти од областа на инфраструктурата и оти целосно ќе се заложат за фер и демократски изборен процес.







