Коце Трајановски во последната програма од 2013 до 2017 година зборот воздух го има употребено само еднаш, иако загадувањето на воздухот е најголемиот проблем со кој се соочуваат граѓаните на Скопје, во изјава за маедиуми изјави Ивана Туфегчиќ, пратеничка во Собранието на Република Македонија.
„Коце Трајановски вети дека до 2017 година, градот Скопје ќе изработи стратегија и план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во главниот град, со соодветни мерки и рокови за реализација. Стратегија не е изработена, а планот остана само на хартија со мерки кои дел од нив се декларативни, но без соодветни рокови за реализација.
Клучната мерка на Коце Трајановски во градот кој се гушеше минатата година и кој беше претворен во гасна комора беше да не излегуваат на отворено. Дури и кога Коце Трајановски глумеше дека го почитува сопствениот апел за користење на јавниот превоз во главниот град, новинарите открија дека неговиот шофер дошол на работа со службениот автомобил на работа, посочи Туфегчиќ.







