Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Времето на лажни политики е минато свршено време
Македонија

Заев: Времето на лажни политики е минато свршено време

октомври 10, 2017Updated:октомври 10, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Времето на лажни политики е минато свршено време. Македонија отвора нови перспективи, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев на митингот на коалицијата „За живот во Македонија“ во Гази Баба.

Заев ја побара поддршката од жителите на мултиетничка Гази Баба, бидејќи само сплотени може да се урне режим кој со години владее во општината, а ништо не прави.

„Како е возможно 11 години да бидеме скарани со сите соседи, а само за четири месеци да изградиме пријателство со сите наши соседи. Возможно е. Викаат немало пари. Како е возможно за четири месеци да заштедиме 45 милиони евра.

„Тоа е за еден мандат основниот буџет на општина Гази Баба, а ние го заштедивме за четири месеци, рече Заев.

„Прво ќе има  гасификација по градинките, училиштата и индустриските објекти.

„Втората фаза е веднаш приклучок на домаќинствата. Природниот гас поминува од овде и мора да се користи, истакна Заев.

Преку фондот за капитални инвестиции, Заев рече дека ќе се поддржи новото училиште во Гази Баба кое ќе биде со капацитет од 550 ученици. Тој вети поддршка за капитални инвестиции во канализациската и водоводната мрежа. Како централна власт, рече дека ќе дадат подршка за решавање на комуналните проблеми во општината.

Кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ Петре Шилегов порача дека нема да дозволат урбанистичките планови да се носат ноќе.

„Водно ни го упропастија, Гази Баба шумата ја упропастија, Скопска Црна Гора ја соголеа, а нас не оставија да се гушиме од чад и во смог. Ни велеа седете си дома не ги отварајте прозорите. Скопје и Гази Баба и останатите општини станаа обични играчки во рацете на Никола Груевски, рече Шилегов

На жителите на Гази Баба им порача дека тие најдобро од сите знаат што значи да се биде заборавен од оние кои треба да работат за нив.

„Тоа што вие го преживеавте со поплавите кои зафатија делови од оваа општина во Стајковци и во Сингелиќ, не може да се заборави никогаш во животот.

„Имаше жртви, цели домови, цели домаќинства беа уништени и никој не превзеде ништо, никој не сносеше одговорност, нагласи Шилегов.

Тој вети дека Скопје ќе стане град со идеа, град со приказни и дека повторно ќе стане солидарен и хуман град.

„И затоа една од мерките која што ќе ја вратат убавината на нашето Скопје, е можноста скопјани за секое новородено дете да засадат по едно дрво, рече Шилегов.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Гази Баба Борис Георгиевски пред жителите на опшинатата се обврза дека општинската администрација ќе биде отворена и ќе работи за сите граѓани.

Тој вети пешачка и велосипедска патека на кејот на реката Вардар како и пешачки мост за поврзување со Аеродром кај Керамидница.

Георгиески рече дека чиста вода за пиење ќе добијата селата Раштак Булачани и Страчинци, а селата Стајковци и Сингелиќ ќе добијат градинки.

„Двојно ќе ги зголемиме зелените површини на територија на општината, ќе субвенционираме еколошки горива за затоплување.

„Атокоманда ќе добие современ здравствен дом, рече Георгиевски.

 

актуелно гази баба Зоран Заев сдсм скопје скопска црна гора Шилегов
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.