Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ Коце Трајановски денеска гласаше на избирачкото место 2489 во просториите на урбаната заедница Автокоманда.
Денеска имав задоволство да го искористам своето гласачко право. Мислам дека граѓаните на Градот Скопје ќе дадат поддршка на оние што имаат реализирано проекти и оние што ветуваат и оние што нудат нови проекти за подобро и поубаво Скопје, изјави Трајановски.
Тој изрази надеж дека гласањето ќе помине во фер и демократски услови.







