„Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не открива детали од синоќешната средба кај претседателот Ѓорѓе Иванов, на која бил повикан и премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев.
„Во обид да ги смири тензиите во општеството, што се создадоа со овие политички хајки, претседателот не покани на разговор. На средбата ги повторив ставовите што ги кажав на вчерашната прес-конференција, рече Груевски.
Груевски, исто така, истакна дека се уште немаат одлука дали ќе го напуштат македонското Собрание.







