Почна расправата на комисијата за мандатно имунитетни прашања во Собранието на која се разгледува барањето за одземањето на имунитетот на пратениците осомничени за крвавиот четврток.
Членовите на Комисијата од ВМРО-ДПМНЕ не се појавија на расправата.
Во неа членуваат и Крсто Мукоски и Јохан Тарчуловски и двајцата обвинети за настаните на 27 април.
Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера согласно член 53 став 5 од Деловникот ги достави до комисијата за мандантно-имунитетни прашања барањата за одобрување на притвор на пратениците Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Жаклина Пешевска поднесени од Основен суд Скопје.
Комисијата е должна да го разгледа барањето и во рок од два дена да достави извештај до претседателот на Собранието.







