Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заврши Граѓанскиот буџетски форум во Струмица
Локално

Заврши Граѓанскиот буџетски форум во Струмица

декември 5, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заврши граѓанскиот буџетски форум во Струмица на кој граѓаните на две сесии имаа можност да предлагаат проекти за реализација. Градоначалникот Коста Јаневски истакна дека ќе ги прифати сите 45 проекти предложени на форумот за Буџетот во 2018 година.

„Ги разгледавме предлозите од првата сесија на овој Граѓански форум. Сите детално ги разгледавме заедно со моите соработници, навистина има прекрасни проекти од сите области и навистина ви благодарам за нив. Дел од нив веќе се планирани во програмите на Општината за наредната буџетска година, што посебно ми е драго, бидејќи тоа значи решаваме проблеми и го планираме локалниот развој во иста насока, рече Јаневски.

Додаде дека Буџетот за 2018 на општина Струмица ќе тежи 1.203.576.217 денари, од кои 481.873.139 денари се однесуваат на блок дотации, 40.929.000 денари се однесуваат на самофинансирачки активности на буџетските корисници, 54.762.299 денари се однесуваат на донации, 50.000.000 претставуваат кредити и, како што рече, најзначајниот дел претставуваат средства од основниот буџет во износ од 576.015.279 денари.

Во однос на донесениот ребалансиран буџет за 2017 година предложениот буџет е зголемен за 7 проценти.

„Најголемиот дел од буџетот се сопствените изворни средства со 48 проценти од вкупните средства во буџетот за 2018 година, 40 проценти се блок дотации, 3 проценти се средства од самофинансирачки активности, 4 проценти се кредити и 5 проценти се донации. Вкупниот износ на капиталните расходи во основниот буџет кои го сочинуваат Развојниот дел од вкупниот буџет за 2018 година изнесува 324.872.000 денари и претставува 57 проценти од основниот буџет на Општината, рече Јаневски.

На втората сесија беа презентирани развојните програми на општина Струмица за 2018 година по што истите беа рангирани од страна на граѓаните. Прворангирана е Програмата за улици и патишта, втора Локален економски развој, трета Програмата за уредување на рурални подрачја, па следуваат образование, социјална заштита, уредување на градежно земјиште, култура и спорт.

буџет граѓански фрум општина средства струмица
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

октомври 28, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.