Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери во рамки на посетата на Вашингтон се сретна со конгресмените Дејвид Прајс и Питер Роскам на која е констатирано дека досегашанта соработка во рамки на програмите на Комисијата за демократско партнерство на Конгресот, каде двајцата конгресмени се претседавачи, е успешна и таа ќе продолжи и ќе се интензивира.
Од Кабинетот на претседателот на Собранието информриаат дека на средбата особен акцент е ставен на понатамошната поддршка на истражувачката работа на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија. Во таа насока ќе продложи соработката и размената на ниво на пратеници и парламентарна служба.
На средбата Џафери ги информирал за развојот на последните политички настани во земјата и за предизвиците со кои се соочува законодавниот дом.
Убеден во значајноста на придонесот на невладините организации во градењето на вистинско демократско општество, претседателот на Собранието истакнал дека законодавниот дом е отворен за иницијативите кои доаѓаат од невладиниот сектор.
Двајцата конгресмени истакнале дека средбата е можност на која со претседателот на Собранието можат да разменат мислења во искрена и срдечна атмосфера.







