Посредникот на обединетите нaции во разговорите за спорот со името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц, по тригодишна пауза, денеска и утре во Брисел ќе има средба со преставниците на двете земји Васко Наумовски и Адемантиос Василакис.
Предвидено е медијаторот денеска да има одвоени средби со претставниците на двете земји, а утре во зависност од текот на разговорите, да биде одржан и заеднички состанок. Засега нема официјални навестувања дали Нимиц ќе излезе со нови предлози иако дел од грчките медиуми не ја исклучуваат таа можност.
Тој неодамна во изјава за една балканска новинска агенција рече дека гледа добра волја за решение на спорот кај двете страни, и се надева дека ќе бидат надминати т.н. црвени линии поставени од Атина и Скопје.
Последната формална рунда разговори на медијаторот со преставниците на двете земји беше одржана во Њујорк во ноември 2014.







