Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев-Харадинај:Отвораме нови можности за унапредување и продлабочување на меѓусебните односи
Македонија

Заев-Харадинај:Отвораме нови можности за унапредување и продлабочување на меѓусебните односи

декември 12, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев во рамки на официјалната посета на Косово денеска имаше билатерална средба со премиерот на Република Косово, Рамуш Харадинај, на која двете делегации се согласиле дека постои интерес за продлабочување на соработката во областа на енергетиката и било оценето дека Косово има големи резерви на јаглен, а Македонија има можности и потенцијали да учествува во гасификацијата на Косово.

Министрите на двете земји искажале подготвеност колку што може побргу да се реализира идејата за заедничка царинска зона која во голема мерка ќе ја олесни трговската размена меѓу двете земји.

Во своето обраќање на заедничката прес-конференцијата по средбата премиерот Заев, рече дека е среќен што е прв премиер на Република Македонија што дошол во посета на Косово.

„Имавме многу добра и успешна средба со премиерот Харадинај и со другите министри во косовската влада. Исто така, благодарен сум што подоцна во текот на денот ќе се сретнам и со претседателот на Парламентот на Косово, Кадри Весели, и со претседателот на Република Косово, Хашим Тачи. Се среќаваме како лидери на две земји без отворени прашања. Македонија и Косово имаат позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка на сите нивоа, рече Заев.

Тука сме, продолжи тој, за да одиме чекор понатаму: да отвориме нови можности за натамошно унапредување и продлабочување на нашите меѓусебни односи. Се надеваме дека во иднина ќе имаме почести официјални и работни средби на високо ниво. Тоа ќе даде нова енергија и динамика на нашата соработка, се вели во соопштението од Влада.

На средбата, како што информираат од Кабинетот на премиерот, било посочено дека ќе се интензивира работата на Мешовитиот комитет за спроведување на Договорот за отворање на граничниот премин Белановце-Станчиќ.

„На премиерот Харадинај му пренесов дека дома, во Република Македонија, презедовме обврска да ги исполниме критериумите за да докажеме дека нашата земја има демократско и зрело општество. Тоа останува врвен приоритет на владата во Република Македонија. Истовремено, тоа значи дека сме посветени да изградиме едно општество за сите, вели Заев во соопштението.

Премиерот Заев упатил отворена покана за премиерот Харадинај за возвратна официјална посета на Република Македонија и го потврдил интересот за одржување заедничка владина седница, за која се надеваме дека ќе се организира во текот на 2018 година.

„Во име на граѓаните, а особено на бизнисмените во Република Македонија, на средбата со премиерот Харадинај ја пренесов пораката за интензивирање на економската соработка и зголемување на обемот на трговска размена меѓу двете соседни земји. Се согласивме дека е неопходно да ја подобриме инфраструктурата која не поврзува. Од наша страна, изразивме подготвеност да продолжиме со изградбата на делницата на автопатот Блаце-Скопје, се вели во соопштението до Кабинетот на Заев.

Претседателот на Владата на Република Косово Рамуш Харадинај, се вели во соопштението, ѝ посакал добредојде на македонската владина делегација и на премиерот Заев и изразил уверување дека пред двете земји претстои долга и плодна соработка каква што доликува на најблиски соседи.

актуелно белановце блаце зорав заев Косово македонија скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.