Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Француски компании заинтересирани за инвестици во железницата во Македонија
Економија

Француски компании заинтересирани за инвестици во железницата во Македонија

декември 18, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Француски компании се заинтересирани за инвестиции и за работа на проекти во железничкиот сектор во Македонија, но и во останатите најавени инфраструктурни активности. Можностите за соработка ги разгледуваат денеска средба претставници на 12 компании од Франција со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој ги презентира плановите на Владата во патната и железничката инфраструктура.

„Повеќе француски компании имаат изразено интерес за учество особено во македонската железница, и да инвестираат, но и да учествуваат на различни нивоа, бидејќи на сите ни е јасно дека железницата навистина е голем предизвик. Треба да се гледа подолгорочната цел, а тоа е заштита на животната средина. Железничкиот сообраќај  загадува многу помалку, изјави францускиот амбасадор во Македонија Кристијан Тимоние, кој ја организираше средбата што се одржува во Француската резиденција во Скопје.

Во Македонија, оцени Тимоние, не само што на политички план е свртена нова страница, туку е најдена нова динамика на економски план.

„Во однос на инвестициската  клима новата Влада навистина докажа дека ќе има транспарнетне пристап и еднаков третман и кон странските и кон макеоднските  компании, рече Тимоние.

Сугарески најави дека пред француските компании ќе ги претстави капиталните  проекти кои ги планира Владата на Коридорот 8 за железничкото поврзување на Македонија со Албанија и Бугарија, како и идните активности за изградба на автопатишта, експресни и регионални патни правци.

„Целта е со завршување на одреден дел проектни документации и отворање тендерски постапки да видиме дали француските компании може да учествуваат  доколку планираат да инвестираат односно да работат во Македонија што реално го посакуваме, а се во насока на модерна и квалитетна инфраструктура во Македонија, изјави Сугарески.

На Коридорот 8 Македонија се уште нема обезбедено финансии за третата делница од пругата кон Бугарија, од Крива Паланка до ГП Деве Баир, а од меѓународните кредитори допрва ќе се бараат пари и за пругата Кичево – Лин за која неодамна беше завршена проектната документација.

Во патниот сообраќај, како што истакна Тимоние, досега е остварена добра соработка. Француската „ЕЖИС“ која беше ангажирана како надзорен орган во изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица е една од компаниите со кои се соработуваше во оваа област.

„Со министерот веќе имавме можност да посетиме дел од изведбите на лице место и мислам дека му се допадна сета умешност што ја поседуваат француските претпријатија, а особено има една тема околу која сме согласни дека нормите за квалитет треба да бидат подигнати на повисоко ниво и во таа област ќе работиме заедно, рече Тимоние.

Демир Капија ежис железници македонија Смоквица тимоние
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата падна

октомври 15, 2026

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.