Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија Артан Груби од денеска до 22 јануари ќе учествува на Конференција на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите членки и земји кандидати на Европската унија (КОСАК) во Софија, Република Бугарија.
На конференцијата ќе стане збор за Програмата и приоритетите на бугарското претседателство со ЕУ во првата половина од 2018 година, за што обраќање ќе има министерката за бугарското претседателство со Советот на ЕУ Лилјана Павлова.
Предвидена е и сесија за иднината на Европската унија од аспект на глобалната улога на ЕУ.
На конференцијата, Груби ќе има обраќање пред високиот форум на претставници од сите национални парламенти на Европската унија каде што ќе говори за високиот приоритет на бугарското претседателство, посветен на европската перспектива и поврзаност на Западниот Балкан во ЕУ.
Груби ќе оствари и средби со своите колеги од парламентите на земјите членки на Унијата, а ќе се сретне и со колегите од регионот







