Хрватскиот тенисер Марин Чилиќ се избори за пласман во полуфиналето на Австралија опен, откако поради повреда мечот му го предаде Шпанецот Рафаел Надал при резултат 3:6, 6:3, 6:7(5:7), 6:2.
Светскиот рекет број еден не успеа да се избори со болките во бутниот мускул во извонредниот меч кој траеше три часа и 52 минути, додека Чилиќ не го оствари вториот триумф над Надал во нивниот седми меѓусебен дуел.
Чилиќ го повтори успехот од 2010 година кога играше полуфинале во Мелбурн, а прилика да оди чекор понатаму ќе има против Британецот Кајл Едмунд кој го елиминираше Григор Димитров од Бугарија.
Во преостанатите две четвртфинални средби се среќаваат Роџер Федерер и Томаш Бердих и Тенис Сангрен со Хјеон Чунг.
Австралија опен се игра за вкупен награден фонд од 43,2 милиони долари.







