Никола Груевски и другите обвинети во случајот „Шлаканици во Центар“ рекле дека не се сигурни дека можат да го разберат докрај обвинението, посебно затоа што имало одредени измени.
Замолиле да го добијат обвинението со техничките измени написмено.
Само пратеничката Даниела Рангелова се изјасни дека разбира за што е обвинета од СЈО. Судијата Душан Јосифов на Груевски му рекол дека смета оти е интелектуалец и поради тоа може да разбере за што е обвинет.
„Вие сте интелектуалец и навистина нема потреба, а и не знам како појасно да ви го објаснам обвинителниот предлог“, рекол судијата Јосифов.
Обвинителката Фетаи даде коментар дека, ако е потребно, да им се направи и вештачење на обвинетите.
Следното рочиште за овој предмет е закажано за 13 март. Денешното судење почна од почеток поради промена на распоредот на судии со воведни зборови на обвинтелката Фетаи.
Адвокатите на Груевски и другите обвинети повеќе од 3 часа изнесувале процесни приговори, а судијата им дозволил да искажат сè на што имаат забелешка.
Во предметот се обвинети 14 лица. Двајца признаа вина и беа правосилно осудени, а за еден се води издвоена постапка.







