За само еден месец имаме втор скандалозен случај со штитеници од дом за деца без родители што Министерството за труд и социјала се обидува да го скрие од јавноста.
Седумнаесетгодишно девојче речиси четири месеци било исчезнато од домот за деца без родители „11 Октомври“, а службите пред два дена пријавиле во МВР дека е исчезнато. Зошто некој сакал да го скрие исчезнувањето на седумнаесетгодишното девојче од домот за деца без родители?
Дали министерката Мила Царовска е запознаена што се случува низ институциите на Министерството и дали некој воопшто се грижи за штитениците од домовите?
Што треба да се случи за Мила Царовска да ја признае неспособноста, да се извини и да му го препушти местото на некој што ќе знае да ја врши функцијата, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Пред само еден месец 13-годишно девојче забремени откако било сексуално малтретирано, а никој не презеде никаква одговорност за грозоморниот чин. Потоа слушнавме за дете што шест месеци било исчезнато и пронајдено на скопските улици.
Уште колку малолетни штитеници треба да исчезнат или да бидат малтретирани и злоупотребувани за конечно да профункционираат институциите на системот, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.







