Законот за двојазичност беше донесен на насилнички начин од страна на владејачкото мнозинство, велат од ВМРО-ДПМНЕ со соопштение за јавност.
„При носењето на законот беа прекршени голем број процедури и беше укинато основното право на пратениците да предложат, да дискутираат и да гласаат за своите амандмани, велат од опозициската ВМРО ДПМНЕ.
„Одлуката на претседателот да не го потпишува законот е целосно исправна и државничка одлука во интерес на сите граѓани. Законот ги надминува рамките на Уставот.
„Заев уште еднаш ги излажа граѓаните кога ја потпиша изјавата кај претседателот Иванов во која се обврза дека ќе биде гарант на уставниот поредок и нема да носи закони кои ќе бидат спротивни на Уставот“, велат од партијата.







