Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Средба Заев – Кнајсл: Интерес за нови австриски инвестиции во Македонија
Македонија

Средба Заев – Кнајсл: Интерес за нови австриски инвестиции во Македонија

март 27, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров и државниот секретар во МНР, Виктор Димовски, денеска се сретна со Карин Кнајсл, сојузната министерка за Европа, интеграции и надворешни работи на Република Австрија, придружувана од Ренате Колбер, амбасадорка на Република Австрија во Република Македонија.

На средбата се потенцирани добрите релации помеѓу двете држави на политички и на економски план и е изразено заедничко уверување дека е отворен простор за продлабочување на билатералната соработката во сите области.

Австриската министерка Кнајсл пренесе дека се забележани промените во државава, во насока на надминување на финансиските ризици и создавањето услови за фискална предвидливост, по политичката криза минатата година и дека постои мотив кај бизнис заедницата во Австрија, за нови инвестиции и отворање нови работни места во Македонија.

Министерката за Европа, интеграции и надворешни работи на Република Австрија, Кнајсл, рече дека нејзината држава ги поддржува интеграциите на Република Македонија и на Западен Балкан во ЕУ и дека фокусот на претстојното австриско претседателство ќе биде кон исчекори на државите од регионот на овој пат.

Нагласено е дека Австрија гледа на Западен Балкан како на дел од Европа и дека во таа насока важно е поврзувањето меѓу државите и реформите што ги прават.

„Република Македонија отвори ефективен и ефикасен реформски процес за да го подобри квалитетот на живот на граѓаните применувајќи ги европските вредности и добрососедски политики, што го покажуваат постигнатиот Договор со Бугарија и разговорите што се водат на достоинствено ниво со Грција. Македонија и сите шест држави од Западен Балкан се посветени на меѓусебното поврзување и на пријателско решавање на билатералните прашања. Секоја од државите ја заслужува својата шанса на евроинтегративниот пат. Ја почитуваме многу поддршката од Република Австрија, којашто е еден од најголемите инвеститори во Македонија и во име на граѓаните на Република Македонија изразувам благодарност за поддршката што ја имаме во остварувањето на нашата стратешка цел, членство во ЕУ, рече премиерот Заев.

На состанокот беше нагласена добрата соработка меѓу полициските претставници посебно на границата за надминување на предизвиците од мигрантската криза. Исто така оценета е за позитивен чекор во развојот на меѓудржавната соработка и најавената интерпарламентарна соработка. Премиерот на Република Македонија Зоран Заев, преку министерката за Европа, интеграции и надворешни работи на Република Австрија, Кари Кнајсл упати покана за официјална посета на австрискиот премиер Себастијан Курц на Република Македонија.

австрија актуелно бугарија Грција Европа ЕУ македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.