ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за состојбите во земјоделството бидејќи за време на нивното 11 годишно владеење го погазија достоинството на земјоделците, го уназадија земјоделството, а преку погубните политики се создаваше непријателски однос меѓу земјоделците и откупувачите, велат од СДСМ со соопштение за јавност.
„Владата предводена од СДСМ и надлежното министерство градат партнерски однос со земјоделците и откупувачите во сите гранки на земјоделството во насока да се создаде цврсто договорно производство.
„Според јавно достапните информации, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги исполни барањата на производителите на зелка, откупната цена до празникот Велигден да биде 20 денари.
Претставници на Министерството активно го следат откупот на зелка и се во постојана комуникација со производителите и откупувачите, а истовремено се работи на изнаоѓање решенија за непречен пласман и извоз не само за зелката туку и за другите земјоделските производи во текот на целата година.
Времето на притисоци, закани и понижувања на земјоделците заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозицијата, велат од партијата.







