Во рамки на денешната 66-та седница на Владата, министрите ќе ја разгледаат предлог – одлуката за утврдување на стратешките приоритети на Владата за 2019-та година.
На дневен ред се развој на економијата, зголемување на продуктивното вработување и подигнување на животниот стандард на граѓаните, Република Македонија – членка на НАТО и ЕУ, одлучна и неселективна борба со организираниот криминал и корупцијата, јакнење на владеењето на правото, преку непристрасно и недискриминирачко спроведување на законите, изградба на независни институции и функционален систем на локална самоуправа, реформи во образованието и инвестирање во иновации и информатичка технологија, реформи во правосудството, целосно спроведување на Охридскиот рамковен договор и градење на граѓанска држава и етничка кохезија.
На предлог на министерството за труд и социјална политика, на дневен ред на седницата се предлог – законот за изменување на законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, како и предлог – законот за приватни агенции за вработување.







