Амандманската расправа за измените и дополнувањата на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во второ читање денеска ќе продолжи на собраниската комисија за транспорт, врски и екологија.
На дневен ред на продолжението на седницата на оваа комисија е и разгледувањето на амандманите за измените и дополнувањата на законот за основање на јавно претпријатие македонска радиодифузија.
Во Собранието денеска седница ќе одржи и комисијата за труд и социјална политика, на која пратениците треба да расправаат за измените и дополнувањата на Законот за вработување на инвалидни лица, во второ читање.







