Судијката во федералниот суд во Њујорк, Наоми Рејс Бучвалд, донесе одлука со која на американскиот претседател му се забранува да блокира корисници на социјалната мрежа Твитер бидејќи со тој потег ја загрозува нивната слобода на говор која им е пропишана со Првиот амандман од Уставот на САД.
Оваа одлука е одговор на тужбата која минатата година ја поднесе Институт при универзитетот Колумбија заедно со група корисници на Твитер кои го проучуваат Првиот амандман на американскиот Устав.
Тие поднесоа тужба бидејќи Трамп ги блокираше корисниците кои го критикуваа, исмејуваа или изразуваа несогласување со неговите ставови







