Пописот на населението во Македонија во 2020 година ќе се спроведе од 1 до 21 април. На терен ќе бидат ангажирани околу 5.000 попишувачи, а овој пат ќе се користи комбиниран метод што подразбира покрај корисење податоци на терен, и податоци од регистри.
Се проценува дека оваа операција ќе чини 8,5 милиони евра.
Ова го наведува директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за МИА.
АЛСАТ М







