„СДСМ го осудува насилството и говорот на омраза пред Собранието и повикува на смиреност, да не дозволиме некој да ја загрози македонската иднина“, велат од владејачката партија.
Во денешното соопштение до јавноста се вели дека „СДСМ ги осудува вчерашните насилства пред Собранието, нападите од насобраната толпа врз новинарите, снимателите и полицајците коишто се обидуваа да спречат насилен упад во Собранието.
Секој има право да протестира и да го искаже својот став и мислење, но на вчерашниот собир беше забележан говор на омраза, повици за насилство, навреди и провокации кон граѓани, кон новинари, кон различни етнички заедници“.
„Апелираме до сите актери да се воздржат од говор на омрза, навреди, повици за насилство и на демократски начин да го изразуваат мислењето, велат од СДСМ.







