Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против претседателот на Собранието, Талат Џафери за прекршување на Уставот, Законот за Собрание и собранискиот деловник, поради неуставното и незаконското донесување на Законот за јазиците, објави Плусинфо повикувајќи се на извори од партијата.
Кривичната пријава за Џафери е поради злоупотреба на службена положба и овластување.
Според наводите во пријавата доставена до Основното Јавно Обвинителство, Џафери го попречил уставно загарантираното право на пратениците да расправаат по веќе поднесени амандмани поднесени по забелешки на претседателот на државата и дозволил без расправа гласање на законот за двојазичност.
Наводно, во текот на постапката за гласање на законот биле извршени неколкукратни прекршувања.







