Фудбалската репрезентација на Јапонија ја победи денеска Колумбија во Саранско со 2:1, во првото коло од Групата Х на Светското првенство во Русија.
Натпреварот почна со црвен картон за Карлос Санчез кој во третата минута направи пенал, играјќи намерно со рака во својот шеснаесетник, од кој Јапонија дојде во водство со голот на Шинџи Кагаве.
Исклучувањето на Санчез е прво на шампионатот, а а тоа е втор најбрзо добиен црвен картон во историјата на светските првенства.
Рекордот го држи уругвајскиот фудбалер Хозе Батиста, кој во 1986 година доби црвен картон во првата минута.
Колумбија успеа да изедначи со играч помалку, со голот на Хуан Кинтер во 39 минута од слободен удар, но немаше шанса против Јапонија во второто полувреме.
Јапонија напаѓаше и правеше шанси, а до ново водство дојде во 73 минута преку Јуја Осака.
Вториот натпревар од групата Х е меѓу Полска и Сенегал од 17 часот на стадионот Откритие арената во Москва.







