На Светското фудбалско првенство во Русија денеска ќе бидат одиграни три натпревари од второто коло од групната фаза, а во групите Г и Х можеме на едно коло пред крајот да ги дознаеме имињата на учесниците во осмина финалето.
Фудбалерите на Англија ја победија Панама со резултат 6:1 и така ги решија сите дилеми околу тоа кој од групата Г ќе оди понатаму, во осмина финалето. Панамците го постигнаа првиот гол на Светските првенства, а стрелец беше Балој во 78 минута. Англија сега има шест бодови, исто како и Белгија, додека Панама и Тунис се без бодови.
Во вториот меч, фудбалерите на Јапонија и Сенегал ги поделија бодовите после ремито 2:2.
Сенегалците поведоа преку Мане во 11 минута, но во 34 Инуи го изедначи резултатот. До ново водство Сенегал дојде преку Ваге во 71 минута, но седум минути подоцна, во 78-ма, Хонда стрелаше прецизно за конечни 2:2.
Полска и Колумбија ќе излезат на терен на „поправен“ во 20 часот.
Победата за двете репрезентации ќе биде императив.









