Полицијата во Скопје вчера казнила 15 пешаци кои преминале улица надвор од обележан пешачки премин, а тројца затоа што поминале улица на црвено светло.
МВР соопшти дека вчера казнети се 52 возачи кои возеле со поголема брзина. Од сообраќај се исклучени и 23 возачи, 18 возачи возеле без дозвола, а петмина биле возачи-почетници. Тројца возачи се санкционирани поради поминување на крстосница на црвено светло, четворица затоа што недале првенство на минување на пешаци и седумина возачи поради тоа што не носеле кацига.
Во текот на изминатиот ден издадени се 116 мандатни платни налози, додека 81 возило е подигнато со „пајак“.







