Мексико денеска избира нов претседател, а ако победи моментниот фаворит, левичарот Андрес Мануел Лопез Обрадор, ќе заврши ерата на двете партии кои го водеа Мексико речиси 100 години.
Напоредно со претседателските избори, се одржуваат и избори за 128 сенатори, како и за 500 заменици во мексиканскиот конгрес.
Вкупно 88 милиони луѓе имаат право на глас.
Обрадор вети дека, ако тој биде избран, ќе се бори против корупцијата.
Досегашната кампања во Мексико е обележана со најмногу политичко насилство во последните неколку децении.
Би-Би-Си јавува дека повеќето гласачи сакаат да ја сменат владата на моментниот претседател Енрике Пења Нието и дека се лути на забавениот економски раст во државата, како и поради сеприсутната корупција и криминалот.
Обрадор ја направи борбата против корупцијата еден од водечките столбови на својата кампања, а вети и дека ќе ги зголеми платите и пензиите. Тој за двете владеачки партии, Институционалната револуционерна партија (ПРИ) и Националната партија (ПАН), рече дека припаѓаат на ист мафијашки систем.
Својот насериозен противник Рикардо Анајо од ПАН, Обраддор го нарече популист кому не може да му се довери економијата.
Кандидат од ПРИ е поранешниот министер за финансии Хозе Антонио Мид.







