Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Дескоска: Уставот треба да ни биде свето писмо
Македонија

Дескоска: Уставот треба да ни биде свето писмо

јули 2, 2018Updated:јули 3, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за правда Рената Дескоска денеска се обрати на третата сесија на Охридската школа на природното право на тема: Добро управување и правни реформи, организирана од Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науката и уметностите.

Според министерката Дескоска, еден од клучните елементи на концептот на владењее на правото се човековите права.

„Ние поминавме еден тежок период во Република Македонија којшто во меѓународните извештаи е запишан како систематско газење на човековите права. Ги видовме релевантните извештаи во кои се наведени примерите на масовоно прислушување, слободата на изразување беше сериозно загрозена и беа кршени човековите права и беше повредено човековото достоинство. Ние сега треба да ги обновиме механизмите коишто ќе овозможат ефикасна заштита на човековите права во нашето секојдневно живеење – рече Дескоска.

„Другиот битен елемент кој го сочинува мозаикот на владеење на правото е супрематијата на Уставот. Видовме дека Уставот досега беше лист хартија кошта се газеше и не се почитуваше – заложбата на новата Влада е Уставот да биде свето писмо кое треба да го имплементираме во секојдневното живеење. Како правник и како министер сега, слушам различни прашања деновиве за тоа дали можеме со Законот за референдум да го менуваме цензусот за референдумот? Не може, затоа што цензусот е уставна категорија.

Ако се залагаме за владеење на право и почитување на Уставот не можеме да менуваме нешто што е изрично уставно загарантирано – потенцираше Дескоска, која додаде дека Уставот е донесен со поширок консензус и како таков тој треба да и ги врзе рацете на секоја власт којашто во момент ќе посака да излезе од неговите рамки.

Дескоска потоа се осврна на нарушувањето на поделбата на власта. Сега во овој момент имаме нарушување на системот поделбата на власта од страна на претседателот на државата. Кога тој со своите активности агресивно се меша во законодавната власт непочитувајќи го Уставот кога ќе биде отфрлено ветото, тогаш има нарушување на принципот – рече Дескоска, дадавајќи дека никој не смее да биде над Уставот.

Уставниот суд, според Дескоска е многу важен орган во остварувањето на супрематијата на Уставот, но според министерката за правда, истиот е ставен на маргините затоа што граѓаните не наоѓаат поддршка во неговото секојдневно работење како инстутиција која ги штити човековите права – истакна Дескоска.

„Кога ги гледаме сите инстутиции во рамките на нивната улога во системот на владеење на правото доаѓаме до еден клучен елемент – интегритетот на луѓето. Вие со личниот пример кажувате дали сте ориентирани кон владеење на правото и почитување на законите, кон чесно работење. Секогаш личниот интегритет е оној кој што е клучен и овозможува системот да функционира како што треба или обратно

Охридската школа на природното право овозможува развој и соработка на студенти на државните и приватните факултети но и обука за важни и клучни институти и невладини организации за правилна примена на законските решенија што претставуваат новина и напредок во реформирањето на правото преку предавања и размена на искуства и вештини.

Целта на оваа сесија на Охридската школа е научно оспособување и усовршување на 20 студенти на последипломски студии и 5 студенти на докторски студии од правните факултети во рамките на државните и приватните универзитети во државата.

актуелно Дескоска македонија право Устав
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.