Колумбија е повторно во страв поради фудбалскиот резултат. Пред 24 години поради автогол на Светското првенство во САД на улица во Медулин беше убиен Андрес Ескобар, а сега смртни закани добија Матеус Урибе и Карлос Бака, кои во осминафиналето на Мундијалот во Русија промашија пенали, после што Англија се пласираше меѓу најдобрите осум репрезентации на светот.
„Не се враќајте дома, мртви сте, подобро убијте се сами…“, само се некои од налудничавите пораки кои на социјалните мрежи се упатени на репрезентативците на Колумбија.
Работата да биде полоша, заканите за смрт на избраниците на Хозе Пекерман се повторуваат само неколку дена откако пораки со слична содржина доби Карлос Санчез, поради црвениот картон добиен на почетокот на натпреварот против Јапонија.
Колумбиската полиција поучена од случајот со Ескобар, многу сериозно ги сфатила заканите упатени на фудбалерите и, како што пишуваат тамошните медиуми, направила опширна истрага и анализа, а надеж дека опасните пораки се само плод на неодговорни поединци даваат неколку коментари кои повикуваат на смирување на тензијата.
„Сакаме ли да ни се повтори она што му се случи на Андрес Ескобар? Дали е тоа Колумбија? Натпреварите се победуваат и губат, да бидеме нормална нација“, пишува еден од нив.
„Вчера беше годишнина од смртта на Андрес Ескобар и вие им пишувате вакви пораки на нашите играчи. Жал ми е но не можам да поддржам вакви го..а од луѓе“, додава друг.
„Луѓе, ајде да научиме како се губи“, заклучува уште еден навивач на Колумбија.
Заканите со смрт на Урибе и Бака дојдоа еден ден откако беше одбележана 24 годишнината од смртта на Андреас Ескобар. Стандардниот дефанзивец на Колумбија на Мундијалот во 1994 година, на натпреварот против домаќинот САД, постигна автогол со кој заврши сонот на Колумбијците за висок пласман на шампионатот. Кога репрезентацијата се врати во татковината селекторот Матурана го предупреди Ескобар да се причува и да биде внимателен, но несреќниот фудбалер не сакаше да се крие.
Кобната вечер, во родниот Медулин излегол од дома, а напаѓачот го сочекал во центарот на градот и во него истрелал шест куршуми.








