Решението за името позитивно ќе се одрази во двете држави, и ќе ги зацврсти регионалната безбедност, просперитет и заедничката европска иднина, изјави Стејт департментот, за Атинската новинска агенција во Вашингтон.
За тоа евентуалното неотпочнување на преговорите за влез на Македонија во Европската унија, ќе се одрази врз референдумот и имплементирање на договорот за името, Стејт департментот вели:
„Како што изјавивме претходно, САД го поздравуваат историскиот договор за решение на спорот за името.
Премиерите Заев и Ципрас покажаа визија, храброст и упорност во постигнување заедничко прифатливо решение – изјави Стејт департментот.







