Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Македонија е добра дестинација за турските инвестиции
Економија

Македонија е добра дестинација за турските инвестиции

јули 6, 2018Updated:јули 6, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Позиционирана во центарот на Балканот; претставувајќи порта кон европскиот пазар од 500 милиони жители, со традиоционалните пријателски односи, поволностите кои ги нуди во бизнисот, Македонија заслужува да биде прв избор за турските инвеститори. Ова беше пораката  пренесена до економските новинари од најпрестижните турски медиуми на денешниот настан што го организираше Стопанската комора на Македонија и Турција (МАТТО) во Скопје.

Претседателот на МАТТО Ајдован Адемоски посочи дека трговската размена од 400 милиони долари меѓу двете земји не е доволна, а целта треба да биде таа да достигне една милијарда. Во последниве 10 години Република Турција се позиционираше во првите топ 10-земји инвеститори во Македонија. „Добрите политички односи треба да се рефлектираат во економската соработка меѓу двете земји“, истакна Адемовски.

Министерот за економија Крешник Бектеши упати на стабилната и пријателска бизнис-клима, давајќи посебен осврт на  мерките за финансиска поддршка на инвестициите. „Со неодамна донесениот Закон за инвестиции и План за економски раст понудивме цела лепеза од можности за финансиска поддршка на инвестициите, подеднакво за домашните и странските компании. Даваме поддршка за нови вработувања, за воспоставување и унапредување на соработка со добавувачи од РМ, за технолошки развој и истражување, за инвестициски проекти од значаен економски интерес, за зголемување на конкурентноста на пазарот, за освојување на пазари и пораст на продажбата“, подвлече Бектеши.

Пред Македонија се ЕУ и НАТО перспективите, особено значајни за безбедноста и сигурноста на вложувањата. „Земјата нуди и одлични можности за инвестирање, најмногу во слободните зони каде корпоративниот, персоналниот и данокот за опрема, вклучително и ДДВ се нула проценти, а одлични се условите и за гринфилд и за браунфилд инвестиции“, рече министерот за инвестиции Аднан Ќахил, дополнувајќи дека токму поради ваквите услови, производството во Македонија е 30 отсто поевтино во однос на другите земји.

Пред присутните, претставници на компаниите ТАВ, Џевахир Холдинг, Суташ, како членки на МАТТО ги претставија своите досегашни инвестиции во Македонија и најавија нови, со милионски суми. Од 11 компании во слободните економски зони, пет се турски. Според статистиката, од вкупниот број странски инвестиции во Македонија, 1,8 милијарди долари се турски.

Економските новинари од Турција пристигнаа вчера, а ќе престојуваат во Македонија до 8 јули. Целта на посетата, чиј домаќин е МАТТО, е да се информираат за економските услови и потенцијалите кои потоа би ги пренеле во својата земја.

актуелно ЕУ македонија матто НАТО суташ ТАВ турција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026

Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.